Димовски: Владата излезе надвор од мандатот
Пратеникот Илија Димовски побара Собранието да и го одземе мандатот на Владата за преговарање за промена на Уставот.
На денешната собраниска расправа која е во тек , Димовски вели дека Собранието нема ниту изборен ниту референдумски легитимитет да влезе во процедура за промена на Уставот
„При составување на ова Собрание, ниту една политичка партија и ниту еден пратеник кој е дел од ова Собрание не даде ветување за промена на Уставот во насока на промена на уставното име на републиката, напротив Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, прецизно и јасно во својата изборна програма напиша дека нема да дозволи промена на Устав во насока на промена на уставото име, додека коалицијата предводена од СДСМ низ говорите на сегашниот премиер Зоран Заев вети дека нема да има промена на Устав. Што значи дека нема изборен легитимитет Собранието да влезе во оваа процедура“, кажа нагласи Димовски.
Пратеникот исто така посочи дека власта не ја почитува волјата на граѓаните изразена на референдум и дека во текот на преговорите со Грција ја исклучила опозицијата, па дури и за референдумското прашање.ФОТО: Фактор
