Димовски вели немале време да ги видат биографиите и програмата
Собранискиот претседател, Талат Џафери на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски му порача дека треба да формираат пратеничка група, а ако смета дека се обраќа кон него како кон пратеник, ќе одговори како пратеник.
Милошоски претходно кажа дека седницата Џафери ја почнува со дамка, а претходно тој со својот избор предизвикал гнев кај народот.
Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, реагираше дека материјалите за седницата не им се доставени навреме. Рече дека на ваков начин се работело во минатото.
„Ова е правено затоа што на јавноста, на медиумите, им е потребно повеќе време за да ги разгледаат биографиите и програмата, со цел да се запази транспарентноста“ - вели Димовски.
Димовски кажа дека ова е класично кршење на Деловникот, и се надева дека во иднина нема Собранието вака да работи.
