Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димовски тврди дека Владата им ветила вработување на Авганистанците

Димовски тврди дека Владата им ветила вработување на Авганистанците

Владата им ветила вработување на Авганистанците, а државава руши рекорди во невработеност, вели екс пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски. 

Тој во централниот Дневник на телевизија Сител, изјави дека според него од тој апсект Македонија не е во состојба да се грижи сама за себе, а тоа го покажа и ситуацијата со пожарите.  Вели дека Македонија има обврска да води сметка за состојбите во светот, но е една од најмалите и најсиромашните во Европа. 

„Македонија не успева да обезбеди основни услуги за своите граѓани значи децата свидетелства немаат добиено се уште, во Тетово не можеме да обезбедиме вода за пиење,по други градови не се добиваат основни услуги не се купени возила за Брза помош и слично. Не се задоволени основни услуги за граѓаните, нема ни лични карти“, рече Димовски. 

Македонија ќе прими 650 бегалци од Авганистан. 

Слично

Поврзани вести