Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димовски: СЈО е завршена тема, не беше пречка за ДУИ да коалицира со ВМРО

Димовски: СЈО е завршена тема, не беше пречка за ДУИ да коалицира со ВМРО

Пратеникот Илија Димовски во дебатната емисија Клик Плус на ТВ 21 не одговори конкретно дали функционирањето на СЈО била главна пречка за пропаѓање на преговорите со ДУИ за формирање на новата влада, но посочи дека за нив таа тема е завршена и непотребно ова прашање премногу се издигнало во јавноста.

„Во разговорите со ДУИ беше посочено дека ние нема да гласаме за продолжување на рокот од 18 месеци предвиден за покренување на обвиненија. За вакви промени потребно е дво-третинско мнозинство бидејќи тоа е уставна одредба. Секако ние немаме намера да гласаме за продолжување на рокот, па затоа оваа тема беше завршена за нас. Без оглед дали ДУИ дава поддршка, а сега и СДСМ тоа ништо нема да смени во поглед на СЈО.“

Димовски исто така посочи дека СЈО е политичка инсталација на СДСМ и дека работи многу бавно, лошо и непрофесионално

. 

Според Димовски главна пречка за формирање на нова коалиција со ДУИ било прашањето за употреба на јазици бидејќи не бил прифатен предлогот албанскиот јазик да има поширока примена во општините каде живеат над 20 проценти Албанци, наместо на целата територија на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ и натаму одржува разговори со ДУИ, но Димовски смета доколку не се формира набрзо влада тогаш состојбата е зрела за нови брзи парламентарни избори.

Слично

Поврзани вести