Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димовски праша како Заев ќе го реши спорот со Грција

Димовски праша како Заев ќе го реши спорот со Грција

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски денеска во Собранието на СДСМ им порача дека иако ветувале помалку министри, сепак не направија така. 

Вели дека иако СДСМ ветиле квалитетни кадри, имаат и кадри за кои рече дека имаат пријави и се строго  партиски кадри. Димовски смета дека предложената влада има слаб економски тим. 

„Жалиме за сето ова и цениме дека тоа е причината зошто се брза. Можеби Џафери и Заев се свесни за кадровскиот потенцијал. За жал не слушнавме ништо за Законот за јазиците“ - изјави Димовски. 

Димовски му забележа на мандатарот Зоран Заев дека не кажал како ќе го реши спорот со името со Грција. 

Според него, во програмата има зголемување на даноци, а тоа вели не се случило со години и во услови на криза.  Димовски праша што е со странските инвестиции за кои тврди дека ги зголемиле платите на работниците. 

Пратениците заминаа на пауза. 

Слично

Поврзани вести