Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димовски: Патот кон ЕУ не е поплочен со добри намери

Димовски: Патот кон ЕУ не е поплочен со добри намери

Дека патот кон ЕУ не е поплочен со добри намери и дека Македонија добива шлаканици, пишува на социјалните мрежи, екс пратеникот Илија Димовски. 

Тој образложува на што го темели овој став.  Вели едно е да се отвори бугарски културен центар, но друго е тој да се отвори со пари од Република Бугарија.

„Едно е да се отвори бугарски културен центар, но друго е тој да се отвори со пари од Република Бугарија и да се крсти "Иван Михајлов"... Едно е да се отвори бугарски културен центар, но друго е тој да се отвори со пари од Република Бугарија, да се крсти "Иван Михајлов" и да го отвори премиер на Република Бугарија... Едно е да се отвори бугарски културен центар, но друго е тој да се отвори со пари од Република Бугарија, да се крсти "Иван Михајлов", да го отвори премиер на Република Бугарија, а токму тој премиер (исто како и неговите претходници) да не признава постоење на македонско малцинство во Бугарија и засебност на македонскиот народ низ вековите наназад...

...Едно е да се отвори бугарски културен центар, но друго е тој да се отвори со пари од Република Бугарија, да се крсти "Иван Михајлов", да го отвори премиер на Република Бугарија кој (исто како и неговите претходници) не признава постоење на македонско малцинство во Бугарија и засебност на македонскиот народ низ вековите наназад, а токму тој премиер и неговата Влада да не дозволат преговори за членство на Република Македонија во ЕУ под изговор за непочитување на малцински и човекови права...“, пишува Димовски. 


Инаку, Бугарија до јуни нема да го тргне ветото за Македонија и нагласија дека дотогаш Македонија не може да го отвори Уставот и да ги внесе Бугарите. Соседна Албанија се изјасни дека ќе  бара раздвојување од Македонија. 

Слично

Поврзани вести