Димовски обвини дека Македонците во Западна Македонија се игнорирани
Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на седницата изјави дека Република Македонија е единствената земја во Европа во која се признати правата на малцинствата.
Вели дека тоа не е случај со другите земји во опкружувањето. Димовски додеде дека во изминатите денови на отворање на мост во Општина Гостивар каде што Македонците се 35%, официјалната прослава се водела само на албански јазик. Тој праша за каков соживот и за какво почитување на права се залагаат Албанците кога тие ги игнорираат Македонците во средините каде што се мнозинство.
Тој рече немало ниту превод, ниту натпис на македонски јазик. Се надева дека ова веќе нема да се повтори. Рече дека за малцинските права треба да се погледнат и други примери од Балканот и да се направи споредба.
„Тоа е извртено гледање на работите кое што еден ден треба да се стави на хартија, за да не дај боже бидеме обвинети за некоректност или геноцидност“ - рече Димовски.
Пратеничката на ДУИ, Емини Мирсаде, кажа дека со манифестацијата во Гостивар, од ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да ја дефокусираат јавноста
