Димовски: Немам намера да поднесам кандидатура
Немам намера да поднесам кандидатура, дури и да биде одложен Конгресот за февруари, зашто мислам дека не е време за персонални решенија, изјави Илија Димовски пред почетокот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
„Многупати досега дававме сугестии и забелешки, но во изминативе две недели нашите барања не беа соодветно третирани“ - вели тој.
Димовски, кој е еден од потписниците на барањето за одлужување на Конгресот, рече дека нема намера да се кандидира за лидер.
Рече дека на Централниот комитет гласале за конгрес на 23 декември, а потоа добиле информации за нефер и недемократски избор помеѓу кандидатите.
Слично
