ДИМОВСКИ И ДИМИТРОВ СЕ ИСКАРАА: Димовски го обвини дека се пазарел со слободите на народот, Димитров му врати дека ја натерал Грција да потпише постоење на македонски јазик
Се пазаревте со животи и слободи на луѓе, господине Димитров, му се обрати Илија Димовски на поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, во последната епизода на Само вистина на Канал 5 телевизија, дебатирајќи за актуелната состојба со Бугарија.
На тоа Димитров му одговори:
„Јас со ништо не сум се пазарел. Јас сум ја убедил земјата чиј што премиер во 2014 рече дека не постои македонски јазик, да потпише македонски јазик. И тоа ќе го направиме и со Бугарија еден ден. И ќе влеземе во ЕУ како што влеговме во НАТО. А вие бавете се со елементарни поими од прва година“, рече Димитров.
Слично
