Димовски до Заев - Нормираниот учинок за минималната плата е опасен
Дарко Димовски, претседателот на ССМ упати забелешки до премиерот Зоран Заев за измените на законот за минимална плата.
Според него и договорот на синдикатите минимална плата требаше да се дефинира како најнизок месечен износ кој работодавачот треба да го исплати за изработената работа во еден месец.
- Со појавата на терминот нормиран учинок за нас како синдикати се јавува проблем бидејќи може да дојде до злоупотреби, рече Димовски.
- Ја знам забелешката од синдикатите и Нормираниот учинок треба да донесе до утврдување на придонесот на работниците и значи во подзаконските акти дека се носи во согласност со работниците. Ако досега нормата била 100 единици некој од работодавачите може да го крене на 150 единици што ќе предизвика намалување на ефикасно исплатената плата, но тој однос ќе се решава взаемно преку дијалог.
Димовски додаде дека треба да се прецизира застапувањето по ова прашање од страна на синдикатите кои ги штитат работниците.
Премиерот посочи и дека дијалогот со синдикатите не треба да им смета на рабодавачите бидејќи тие обезбедуваат подобрување на работните односи.
