Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димовски до СДСМ: Никогаш нема да имате легитимитет

Димовски до СДСМ: Никогаш нема да имате легитимитет

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски денеска во Собранието изјави дека СДСМ нема да имаат легитимитет. 

Димовски вели дека тие немаат проблем да одат во опозиција, но народот одбрал тие да се прва, а СДСМ втора партија.

Тој смета дека местото на СДСМ и коалицијата било во опозиција, а со пост изборна манипулација сакале да дојдат на власт.

„Како губитничка партија, граѓаните не одлучија вие да сте победници. Никогаш нема да имате легитимитет, бидејќи изгубивте во 80% од општините“ - кажа Димовски.

На седницата се зборуваше и за тоа како се спроведува Рамковниот договор во Тетово и дека Македонците во овој град се соочуваат со проблеми. 

Ова е 18-то продолжение на конститутивната седница. 

Слично

Поврзани вести