Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димова по најавата на Николовски за откривање афера: „Кутриот тој, мисли дека Бошко се уште е директор“

Димова по најавата на Николовски за откривање афера: „Кутриот тој, мисли дека Бошко се уште е директор“

Александар Николовски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва како гостин на „Топ Тема“ најави дека од петок неговата партија ќе одржи серија прес-конференции на кои ќе објави нова корупциска афера поврзана со Националната агенција за образовни програми и мобилност која што пари од ЕУ, како што вели тој, давала на едни исти апликанти.

„Ќе обзнаниме како се трошеле европските пари. Делени се средства на блиски невладини организции на раководството на агенијата. Исти четири невладини ги добиле проектите и минатата и оваа година. Проневерени се околу 3 милиони евра, а сомнителнен е тендерот за избор на ПР агенција. Владата треба да апелира тоа брзо да се испита, бидејќи се проневерени европски пари”, рече Николовски.

Лидија Димова, актуелната директорка на државната Национална агенција за образовни програми и мобилност истовремено ова го искоментира кратко на социјалните мрежи, пишувајќи „Кутриот тој... Мисли дека Бошко се уште е директор“.

Поранешната пратеничка од редовите на СДСМ алудираше на поранешниот функционер близок на ВМРО-ДПМНЕ, Бошко Нелкоски, инаку екс-директорот на Агенцијата за европски образовни програми и мобилност, во чиј мандат, Европската комисија изрази сомнеж за злоупотреба во менаџирањето на европските пари.


Слично

Поврзани вести