Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димова ќе мора да се јавува во судот откако остана без пасош

Димова ќе мора да се јавува во судот откако остана без пасош

Кривичниот суд денеска одлучи да го одземе пасошот на разрешената директорка на Националната агенција за европско образование Лидија Димова. 

Таа ќе мора редовно да се јавува во судот. 

Осомничена е дека направила штета на буџетот на агенцијата, и ја злоупотребила службената положба.

Истите мерки за претпазливост му се одредени и на осомничениот Aлександар Gочев кој  денеска беше на распит во Кривичниот суд. Овие мерки уште во петокот му беа одредени на осоммничениот во истрагата Зоран Златковски, сопственик на В.Е.З. Трејд.

Финасиската полиција поднесе кривична пријава против четири лица, а обвинителството отоври истрага за неколку кривични дела. 

Tие се товарат дека причиниле штета од големи размери на доверените средства на европската заедница во вкупен износ од над 400.000 евра.

Димова пак претходно не сакаше да поднесе оставка и тврдеше дека европските пари не може да бидат злоупотребени. 

Неколку проекти поттикнаа бројни реакции во јавноста, што создаде сомнеж дека имало злоупотреби. За ова реагираше и опозицијата која бараше истрага. 

Слично

Поврзани вести