Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димни бомби за демонстрантите во Собрание

Димни бомби за демонстрантите во Собрание

Во Собранието е забележано и користење на димни бомби, односно солзавец кој најверојатно полицијата го користела да ги растера демонстрантите кои упаднаа во Собранието.

Пред малку е забележана и друга група на полицајци која влегла во Собранието преку главниот влез.

Сепак повеќе од очигледно беше дека реакцијата на полицијата беше повеќе симболична која во Собранието се однесуваше повеќе како посматрач.

Повици до органите на редот и мирот да воспостават контрола над Парламентот повикуваа политичари и странски дипломати.

Граѓаните се повикуваат да останат дома и да бидат присебни, да не подлегнуваат на притисоци и провокации.

ФОТО: Сакамдакажам.мк

Слично

Поврзани вести