ДИМИТРОВСКА МУ ПИШАЛА НА СТОЛЕВСКИ OTКАКО ЗА НЕА ГО ПОЛОЖИЛ ИСПИТОТ: Ај честито и злато си, честам ручек
Eкс претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, му пратила порака на ревизорот Миле Столевски кога тој ѝ го положил испитот за да добие сертификат со највисок степен на доверливост „државна тајна“. Ова го покажуваат пораките што во суд ги презентираше Обвинителството.Таа му напишала на Столевски – „Ај честито и злато си, честам ручек“.
Димитровска во судница рече дека не се чувствува виновна. Таа е обвинета за компјутерски фалсификат и одавање службена тајна. Димитровска си поднесе оставка од функцијата претседател на Антикорупциската комисија откако Јавното обвинителство против неа покрена обвинителен предлог за одавање службена тајна и за компјутерски фалсификат.
Слично
