ДИМИТРОВА: Луѓето се плашат да кажат дека одат на психијатар
Никола Ристановски не само што е извонреден актер, за кој секој суперлатив е малку за да се опише неговата професионалност, тој е и прекрасен ментор. Никола не само што ме научи на многу нешта, ми помагаше во секој момент кога и да заглавев на нешто, туку и ми беше огромна поддршка за секој мој чекор. Никогаш нема да ги заборавам тие денови на снимање.
„Сакаш да зборуваме за тоа“, и вели доктор Виктор Терзиев на Ивана, која секоја среда е на сеанса во неговата ординација. Младата и многу талентирана актерка Ангела Димитрова успешно ја долови улогата на Ивана во серијата „На терапија“, бунтовната тинејџерка со самоубиствени напади. Уште само оваа среда ќе следиме возбудлив разговор помеѓу Ивана и доктор Терзиев (Никола Ристановски). Вечерва, на Тв Сител ќе ја емитува последната епизода со Ивана од серијата. Ангела е битолчанка, има 25 години. Кога се запишала на ФДУ, почнала во класата на Владо Цветановски, но по неговата смрт класата ја презела Мими Таневска со тогашната асистентка Нела Витошевиќ. Во трета и четврта година ментор и бил беше Златко Славенски, а дипломирала во 2015 година во неговата класа. Ангела зборува за начинот со кој навлезе во ликот на Ивана, искуството од светските актерски работилници, и за тоа дали психо-терапијата кај нас сè уште е табу.
Целиот текст прочитајте го на Женски магазин, овде.