Димитров жали за новите провокации од Дачиќ против Македонија
Министерот за надворешни работи Никола Димитров свој став за новите провокации дадени од Ивица Дачиќ дека Србија не требало да ја признае Македонија под уставното име дадени во Атина даде на својот Фејсбук профил.
- Жалам за денешната изјава на министерот Дачиќ. Со Србија заедно бевме во една федерална држава, како Република Македонија и Република Србија и споделуваме толку многу нешта.
Убеден сум дека двата пријателски народа преферираат да имаме односи базирани на заемна почит, разбирање и европски дух.
Тоа е добро не само за Македонија и за Србија, туку и за целиот регион. Да не заборавиме, во регионот растеме и паѓаме заедно, напиша Димитров.
Се чека и на официјален став од МНР за изјавите на Дачиќ, односно дали ќе следи реакција преку дипломатските канали.
