Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров за Тагесшпигел: Македонија во 2019-та ќе ги отпочне преговорите

Димитров за Тагесшпигел: Македонија во 2019-та ќе ги отпочне преговорите

Скопје очекува разговорите за пристап со ЕУ да започнат кон крајот на 2019 година со оглед на напредокот на спорот за името со Атина, изјави македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров во разговор за Тагесшпигел за време на посетата на Берлин и средбата со својот германски пандан Хајко Мас.

 "Со оглед на нашиот напредок, очекуваме да се постигне консензус меѓу земјите-членки на ЕУ за почеток на пристапните преговори", изјави Димитров за Тагесшпигел. "Нашата крајна цел не е да се приклучиме кон ЕУ колку да станеме членови, туку да го искористиме пристапниот процес за да се европеизираме", рече Димитров.

Земјите-членки на ЕУ ќе одлучат следниот јуни дали ќе се започнат разговори за пристап со Македонија и Албанија. Комисијата на ЕУ е посветена на понатамошно стабилизирање на Западен Балкан и борба против растечкото влијание на Русија, Турција и Кина во регионот. ЕУ преговара за пристапување со Србија и Црна Гора уште од почетокот на деценијата.

Димитров во интервју за Тагесшпигел наведе дека Македонија нижи успеси во надминувањето на деценсикиот спор за името со Грција.

Димитров во разговорот е убеден дека неопходното двотретинско мнозинство ќе остане стабилно пред финалното озгласување на уставните измени. 

- Во редовите на опозицијата, постојат и поддржувачи и противници на уставните промени, рече тој.



Слично

Поврзани вести