Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров за преговорите: Oд неколку главни градови во Европа слушам дека и јануари сепак останува како можност

Димитров за преговорите: Oд неколку главни градови во Европа слушам дека и јануари сепак останува како можност

И јануари е опција за старт на преговорите со ЕУ, вели вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. 

„Иако преференцата е декември, од неколку главни градови во Европа слушам дека и јануари сепак останува како можност да се успее, што ни дава можеби малку повеќе време, иако мислам дека фокусот треба да ни биде на декември“, изјави Димитров за ТВ 24.

Фокусот за договор со Бугарија за надминување на разликите е во декември.

Новата бугарска власт испрати позитивни пораки кон Скопје. Ставот е дека само историјата не може критериум за членство во ЕУ. 

Екс бугарскиот премиер Бојко Борисов смета дека ЕУ ќе ја понижи Бугарија, и ќе почне преговори со Македонија, а наведе и дека Франција и Холандија вршат притисок. 

Албаниан пост објави дека францускиот претседател Емануел Макрон дал рокови до кога да се реши спорот со Бугарија, и земјава да почне преговори. 

Слично

Поврзани вести