ДИМИТРОВ ЗА ПАТУВАЊЕТО ВО ЕУ: Oдлука се уште не е донесена
Само што заврши видео средбата на иницијатива на еврокомесарот Оливер Вархеј со моите колеги од Балканот, министрите за надворешни работи, информира шефот на дипломатијата, Никола Димитров.
„Се интересираше за ситуацијата со пандемијата. Сите информиравме за ситуацијата и напорите што ги правиме секоја земја одделно, сите заедно. Нè информираше дека во Брисел комисијата, земјите-членки разговараат и треба да донесат одлука околу слободата на патување од Балканот кон Европската Унија врз основа на епидемиолошката слика. Одлука што сè уште не е донесена“, наведува Димитров.
Од пиар службата на ЕК за Канал 5 изјавиле дека расправата се уште трае и дека не коментираат неофицијални медиумски натписи.
Слично
