Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИМИТРОВ ЗА ИЗЈАВИТЕ ОД БАН: Македонскиот јазик е признат од меѓународната заедница на лингвисти

ДИМИТРОВ ЗА ИЗЈАВИТЕ ОД БАН: Македонскиот јазик е признат од меѓународната заедница на лингвисти

По изнесените ставови од Бугарската академија на науките дека македонскиот јазик не постои, и според нив тој е дијалект на бугарскиот јазик, се огласи министерот за надворешни работи, Никола Димитров. 

Наведува дека во 21-от век, во Европа, правото на самоопределување и само-изјаснување е неспорно. 

„Односите меѓу две држави, за да бидат пријателски и блиски, претпоставуваат почитување на тоа право и на достоинството на другиот. Македонскиот јазик е еден од јужнословенските јазици. Стандардниот македонски јазик е официјално кодифициран во мај 1945 година, врз основа на централните говорни форми во тогашна Македонија. Беше еден од трите официјални јазици и во поранешна Југославија, а присутен е во ОН уште од 70-те години на минатиот век.  Македонскиот јазик има свој историски развој и е признат од меѓународната заедница на лингвисти. Историскиот процес што го почнавме со соседна Бугарија, за да води кон вистинско зближување и пријателство, за да руши стравови и предрасуди, претпоставува взаемно прифаќање. Прифаќање на периодот на заедничка и испреплетена историја што ги поврзува бугарскиот и македонскиот народ, но и на сегашноста – македонски народ што говори македонски јазик. За овој процес да успее, на двете страни им треба мудрост и деликатност, големина во разбирањето и почитувањето на грижите и достоинството на другиот. Лесно е да се растури, тешко е да се гради“, пишува Димитров на Фејсбук. 


Премиерот Зоран Заев денеска кажа дека МНР ќе реагира по изјавите од БАН. 

Раководството на Бугарската академија на науките (БАН) не се согласува со Македонската академија на науките и уметностите, одобрена од Македонската академија на науките и уметностите, објави прес-центарот БАН.

Оттаму информираат дека на 3 декември 2019 година Собранието на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) усвоил „Повелба за македонскиот јазик“. Тој ги елаборира историските и лингвистичките аргументи во одбрана на официјалниот литературен јазик на Република Северна Македонија, како посебен независен јазик со континуитет и генеалогија, дефиниран во Скопје како „македонски“, според БАН, пренесуваат бугарските медиуми.

Слично

Поврзани вести