Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров за „Фајненшел Тајмс“: Македонија ќе ја разгледа можноста да го смени името

Димитров за „Фајненшел Тајмс“: Македонија ќе ја разгледа можноста да го смени името

Македонија ќе ја разгледа можноста да го смени името, за да се обиде да го одблокира грчкото противење за членството во НАТО, изјавил шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров за „Фајненшел Тајмс“. 

Весникот во текстот како можна варијантна го споменува името Горна Македонија.

„Договореното име за компромис ќе биде ставено на референдум во Македонија, а претходно за него ќе се бара консензус од сите политички партии“- изјавил Димитров.

Тој денеска е во Брисел, а во среда ќе се сретне со својот грчки колега, Никос Коѕиас.

„Ќе побарам од Грција да размисли каков вид на сосед сака – дали сакаат стабилна, пријателска земја која нуди надеж за демократија и правда. Ако сме добри соседи, тогаш се надевам дека политичките сили во Грција ќе ја искористат ова историска шанса“- додал Димитров. 

Весникот пишува дека Димитров на високите претставници на НАТО денеска во Брисел ќе им нагласи дека членство во Алијансата ќе помогне да се смири поширокиот Балкански регион по неколку месеци политички тензии.

Слично

Поврзани вести