Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров за Дојче Веле: Не можеме да ја смениме историјата, но можеме да влијаеме на иднината

Димитров за Дојче Веле: Не можеме да ја смениме историјата, но можеме да влијаеме на иднината

Mинистерот за надворешни работи, Никола Димитров во интервју за Дојче Веле изјави дека постојат прашања во регионот кои сè уште не се целосно решени и  би сакале Македонија да ја извадат од загатката на неизвесноста. 

Вели дека  би сакале да бидеме како повеќето од земјите-членки на ЕУ да имаме демократско општество во кое владее правото. Само така може да се дојде до поголем просперитет, смета Димитров.

„Јас го правам она што мислам дека треба да биде работа на дипломатите: решавање на проблеми, отворање врати и создавање пријатели. Можеби не можеме да ја смениме историјата, но сигурно можеме да се обидеме да влијаеме на иднината и да го направиме животот подобар за нашите граѓани денес. Тоа е нашата цел“- изјави Димитров. 

Прашан дали очекува од Атина барем да престане да го блокира членството во ЕУ и дали Македонија е подготвена на компромис за прашањето за името, Димитров, рече дека во суштина, спорот околу името не треба да биде пречка за нашата интеграција.

„Имаме пресуда од Меѓународниот суд на правдата. Но, нашата цел не е да обвинуваме. Веруваме дека ако треба да сме сојузници, бидејќи влегувањето во НАТО и во ЕУ значи дека ќе бидеме сојузници со Грција, тогаш сите недоразбирања треба да ги решаваме преку дијалог. Крајно време за регионот е да стане доволно храбар за да излезе од рововите на историјата и да се натпреварува во она што е навистина важно за граѓаните: подобра здравствена заштита, подобро образование и поголем просперитет. Ова е нашиот агол на гледање на работите“- рече  Димиртов.

Димитров, во однос на Балканската рута за мигранти,  вели дека би требало да направиме се’ што е потребно за таа да остане затворенa, затоа што сите ние, вклучувајќи ги и бегалците, имаме интерес за организирана помош и мораме да се бориме против илегалната миграција.

Слично

Поврзани вести