Димитров за Бугарија: Имавме многу непримерни изјави кон нас
Никола Димитров, вицепремиерот за евроинтеграции, во „Само интервју“ на Канал 5 вечерва изјави дека ако некој каже дека сме вештачка нација, тоа е навредливо.
Димитров вели дека ниту во неговата земја никој не може да му каже кој е и што, а не пак од надвор, затоа што тој е Македонец и зборува македонски јазик.
Изјави дека Македонија е земја која имала најмногу потешкотии во однос на почетокот на преговори со ЕУ.
„Од таа страна имавме многу непримерни изјави кон нас“, вели тој.
Димитров изјави дека одржувањето на избори во Бугарија до некаде имало влијание на реториката.
Тој нагласи дека Бугарија многу помогнала оваа пролет да се вратат нашите државјани кои беа заглавени во странство поради пандемијата.
Димитров вели дека прашањето за Гоце Делчев може да го решат историчарите.
Агенцијата БГНЕС oбјави дека Бугарија го одбила предлогот во ЕУ нејзините барања да бидат ставени во декларација надвор од преговарачката рамка, за да даде зелено светло за започнување на преговорите со Македонија.
