Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров за АНА - МПА: Договорот создаде историски крстопат што бара историска одговорност

Димитров за АНА - МПА: Договорот создаде историски крстопат што бара историска одговорност

Министерот за надворешни работи,  Никола Димитров во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека не можеме да ја смениме географијата или историјата, но може да работиме заедно за да ја создадеме нашата заедничка иднина.  

Тој додава дека договорот создаде историски крстопат што бара историска одговорност за да ја направат вистинската работа сите инволвирани страни.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Димитров рекол дека се согласува со високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини дека станува збор за историски чекор.

„Мислам дека нема ништо поприродно за нашите два народа од тоа да бидат навистина блиску. Мислам дека ова отклучува огромен потенцијал. Ние не можеме да ја смениме географијата, не можеме да ја смениме историјата, но може да работиме заедно за да ја создадеме нашата заедничка иднина“ - наведува Димитров во изјавата за АНА-МПА.

Објаснува дека договорот е компромис и затоа постојат и од двете страни луѓе кои не се среќни, но го изразува неговото мислење дека е создаден „дел од Европа на нашиот дел од Балканот“.

За тоа дали македонската Влада ги надминала проблемите со опозицијата, Димитров потенцира дека фокусот треба да биде на државата, а не на партијата или на политичката иднина.

Слично

Поврзани вести