Димитров во Стразбур: Ќе ги превртиме сите камења за да најдеме решение за името
Ќе ги превртиме сите камења за да го најдеме решението во спорот за името со Грција, рече Никола Димитров, министерот за надворешни работи на Република Македонија денеска во обраќањето на априлската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур.
- Ќе ги поместуваме ставовите и останатите елементи и кај едната и кај другата страна се додека не ја најдеме потребната формула - одговори шефот на македонската дипломатија на прашање на европратеничка од Грција како мисли да се најде компромис ако Грција исполнување на јасни услови за кои Македонија не може да отстапи.
Слично
