Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров: Во преговори со Грција ќе се влезе со добра верба и без страв

Димитров: Во преговори со Грција ќе се влезе со добра верба и без страв

Македонија не смее да се плаши да влезе во преговори со Грција, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Во преговори ќе се влезе со добра верба и без страв, во обид да се надминат разликите, вели тој. 

За тоа дали Македонија е блиску до компромис вели дека компромис значи кога не го добивате тоа што најмногу го посакувате, кога има извесно отстапување од идеалното решение за двете страни. 

„Ние кога размислуваме за ова прашање, прво треба да размислуваме за нашето достоинство и за тоа каде сакаме да ја видиме Македонија, пет или 10-15 години од денес. Ако има целосно победена страна, тоа нема да биде добро ниту за победникот, ниту за губитникот, бидејќи тоа ќе развие ужасен национализам. Значи, мора да најдеме начин двете страни да излезат со чувство дека најважното го заштитиле“ - вели Димитров. 

Министерот вели  дека клучните грижи на Македонија и клучните грижи на Грција, треба да бидат покриени.

Слично

Поврзани вести