Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров во посета на Романија: Ќе бара поддршка за ЕУ

Димитров во посета на Романија: Ќе бара поддршка за ЕУ

Шефот на дипломатијата Никола Димитров денеска и утре е во работна посета на земјата која што претседава  со Советот на ЕУ.

Во Романија Димитров заминува на покана на тамошниот шеф на дипломатијата Теодор Мелешкану а двајцата според најавите ќе стават потпис на Меморандум за соработка меѓу Министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и Романија во областа на европските интеграции.

Како што информираа од кабинетот на министерот ќе има средби и со  министерот за европски прашања Џорџ Чамба, како и со потпретседателот на Долниот дом на романскиот Парламент, Кармен-Илеана Михалческу.

Меѓудруто Димитров во Букурешт ќе одржи предавање во Националниот универзитет за политички студии и јавна администрација, на темa „Политичката транзиција во Северна Македонија и нејзиното членство во НАТО и ЕУ“.

Слично

Поврзани вести