Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров во одбрана на интерпелацијата: Тоа го кажав за доброто на народот

Димитров во одбрана на интерпелацијата: Тоа го кажав за доброто на народот

Никола Димитров, министерот за надворешни работи, на денешната собраниска седница за негова интерпелацација од говорницата рече дека коментарот „Нација со комплекс“ го рекол во одбра на македонскиот народ а не со намера да го понижи како што смета опозициската пратеничка група.

- Мојата реакција беше во одбрана на македонскиот народ а не во навреда, рече денеска шефот на македонската дипломатија.

Тој го образложуваше делот што беше и повод за опозицијата да побара негова смена од функцијата.

Димитров во своето обраќање читаше изјави на грчки политичари од опозицијата во кои тие ја критикуваат тамошната власт  дека им признала македонски народ и јазик. Исто така ги читаше изјавите на европските челници во кои ја истакнуваат важноста на Договорот од Преспа.


Слично

Поврзани вести