Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИМИТРОВ ВО АТИНА КАЈ КОЅИАС: За кои теми ќе разговараат?

ДИМИТРОВ ВО АТИНА КАЈ КОЅИАС: За кои теми ќе разговараат?

Мaкедонскиот шеф на дипломатијата,  Никола Димитров денеска ќе престојува во официјална посета на Атина, каде што ќе се сретне со својот грчки колега Никос Коѕиас. 

Коѕиас вчера изјави дека нема да се зборува за спорот за името затоа што е прва средба за запознавање. Најави дека со Димитров ќе се фокусираат врз начинот на кој би продолжиле разговорите за развивање на билатералните врски и грчките идеи за нови мерки за градење доверба. По средбата ќе има заедничка прес-конференција.

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека на средбата на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, нема да се разговара за името туку како да се унапредат мерките на доверба меѓу двете земји.

Тој очекува позачестени состаноци меѓу високи претставници на Република Македонија и на Република Грција, вклучително и на премиерите на двете земји. 

Слично

Поврзани вести