Димитров вети дека ќе направат се извештајот да го преточат во политичка одлука
Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров на свеченото одбележување на Денот на Министерството за надворешни работи изјави дека успеале да добијат досега најуспешен извештај од Европската комисија и ќе сторат сѐ што можат во јуни да го преточат во политичка одлука.
Министерот вели дека Македонија сега е модерна, стабилна и европска демократија која секогаш го бира патот на мирот и дијалогот.
Предизвиците остануваат, вели Димитров, и потсети дека на 27 април беше одбележана една година од нападите во Собранието кога, како што рече, демократијата на земјата била ставена до бездна.
Потсети дека на 29 април 1969 година е формирано Биро за односи со странство кое со текот на годините стана денешното Министерство за надворешни работи.
Денот на МНР е одбележан во присуство на претставници на дипломатскиот кор, врботени во Министерството и претставници на медиумите.
