Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров вели името не може да се реши без граѓаните

Димитров вели името не може да се реши без граѓаните

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров денеска изјави дека е потребно да се изгради национален консензус за името, а многу од тие елементи на национален консензус во моментов не се јасни. 

Ова прашање, вели Димитров, има таква природа, поради што не може да се реши без граѓаните.

„Интензивно се работи на градење на консензусот, во кој треба да бидат вклучени, граѓаните, политичките фактори, инстутициите, сите. Процесот е отворен и трае. Важно е тој процес да заврши, бидејќи на тој начин позицијата на Македонија ќе биде посилна“ - вели Димитров. 

Коментираќи ја изјавата на претседателиот на Собранието Талат Џафери дека Парламентот има легитимитет да одлучи во насока на решавање, наместо прашањето да оди на референдум, рече дека референдумот е изборно ветување на сите големи партии.

„Прашањето има таква природа што ако не може да се реши одржливо, ако не се прашаат граѓаните, ако нема консензус, ако има внатрепартиски битки, ќе дојде до слабеење на нашата позиција“- рече Димитров.

Зборот „Македонија“ е неприфатлив во името на државата. Ова го изјави грчкиот министер за одбрана Панос Каменос во однос на позицијата на неговата партија „Независни Грци“, соопшти електронското издание на весникот „Катимерини“. 

Слично

Поврзани вести