Димитров вели дека регионот нема многу време и нема право на грешки
Maкедонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров изјави дека се фокусирани на октомври за добивање на датум за преговори.
Вели дека Македонија покажала европски однос кон регионот, кон соседството, и дека градиме мостови.
Тој додаде дека регионот нема многу време и нема право на грешки.
„Дома имаме неверојатен демократски пресврт во изминатите две години. Мислам дека сме апсолутно подготвени да го почнеме пристапниот процес. Не сме подготвени за членство, меѓутоа сакаме процесот да го користиме како алатка да станеме вистинска европска демократија“, изјави Димитров денеска во Софија на состанокот на Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на Организацијата за црноморска економска соработка.
Тој истакна дека е оптимист и дека нема друга алтернатива освен европскиот пат. Доколку земјата не добие датум за пристапни преговори, според Димитров, би се испратила лоша порака во целиот регион дека можеби не вреди да се инвестира политички капитал во европски компромиси и да се работи фокусирано на реформите.
