Димитров вели дека Македонија не е спремна за преговори и нема докази за постоење на македонскиот народ
Професорот Ангел Димитров, копретседател на заедничката историска комисија меѓу Бугарија и Македонија, за БНТ вели дека Македонија не е подготвена да почне преговори со ЕУ.
Тој рече дека не гледа причина да го каже спротивното. Следниот состанок на Заедничката историска комисија ќе се одржи во четврток. Рече дека стигнале до 10-11 век - крајот на Првото бугарско кралство, времето на цар Самуил и неговите наследници. Според Димитров, постои неподготвеност во Македонија да работи според принципите карактеристични за секоја наука.
„За нив ова е лизгава патека, бидејќи нема историски докази да се зборува за постоење на македонскиот народ, македонската држава“, рече тој.
За македонската страна декември е таргет, и преговорите со Бугарија продолжуваат. Поради ветото на Бугарија, Македонија не може да ги почне преговорите со ЕУ.
