Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров вели дека добрите вести доаѓаат од Балканот

Димитров вели дека добрите вести доаѓаат од Балканот

Нема ништо поприродно од тоа нашите две земји да бидат пријатели, да бидат блиску, да ја отворат иднината, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

„Постои реална перспектива сите заедно во регионот да ја постигнеме визијата што со помош на Грција беше поставена во многу години во Солун 2003 година и реафирмирана лани во Софија на Самитот за Западен Балкан“, изјави денеска Димитров на централниот настан на економскиот форум во Делфи, откако имаше средба со неговиот грчки колега, Јоргос Катругалос. 

Димитров се осврна на предизвиците при постигнувањето на Договорот оод Преспа и кажа дека можат да бидат горди на тоа што го постигнале и дека добрите вести доаѓаат од Балканот.

Тие зборуваа за натамошна секторска и друга соработка предвидена во Договорот од Преспа, информираше МНР.

Димитров вчера на економскиот форум се сретна со заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Азија, Метју Палмер и со амбасадорот на САД во Грција Џефри Пајат. Тие разговарале за билатералните односи меѓу двете земји и за актуелни прашања и предизвици во регионот. Димитров оствари средба и со лидерот на грчката партија Река, Ставрос Теодоракис.

„Ако имавме повеќе политичари кои повеќе размислуваат за следните генерации, а помалку за следните избори, светот ќе беше многу подобро место“, напиша Димитров на Твитер.

Слично

Поврзани вести