Димитров вели дека оркестрираните напади кон него се диригирани од еден или два партиски центри
Поранешниот министер и вицепремиер Никола Димитров во гостувањето на емисијата „Само вистина“ изјави дека оркестрираните напади кон него се диригирани од еден или два партиски центри.
Вели дека тоа што многу луѓе се занимаваат со него, покажува дека бил во право за она што го кажа за Бугарија.
„Луѓето кои што ме носеа по митинзи, небаре бев рок-ѕвезда, истите тие сега со дрва и камења ме напаѓаат. Јас сум истиот човек, ги имам истите гледања и ставови. Ништо не е сменето. Јас сум на правиот пат. Логично е да кажам кога не се согласувам со нешто“, појаснува Димитров.
Тој претходно кажа дека нема целосна доверба во министерот за надворешни работи, Бујар Османи и дека сакале да го замолчат.
Слично
