Димитров: Точно е дека треба да имаме помалку од 400 позитивни за две недели за да одиме во ЕУ
Шефот на македонската дипломатија денеска пред новинарите потврди дека за Македонија да влезе на „белата листа“ на ЕУ и нашите граѓани да можат да патуваат во нејзините земји-членки прагот е најмногу 400 заболени од Ковид-19 за период од две недели.
„И во ЕУ ситуацијата се менува и таму не е исклучено да има промени. Станува збор за блиску или под 20 случаи на 100.000 жители во последните 14 дена. Ако ние сме два милиони народ, точна е таа калкулација дека треба да имаме помалку од 400 новозаболени за две недели. На секои 14 дена ја ажурираат листата, нагласи министерот за надворешни работи.
Вториот критериум, како што рече Димитров, е трендот на нови случаи во споредба со претходниот период од 14 дена да биде стабилен или опаѓачки.
„Во третиот критериум се земаат аспектите за тоа колку се тестира, односно какви странки се тестираат - дали само со симптоми, или асимптоматични, колку се следат контактите, третманот и веродостојноста на информациите. Тоа исто така е споменато“, дополни Димитров.
