Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров: Со овој предлог не ги ни започнуваме формално преговорите со ЕУ

Димитров: Со овој предлог не ги ни започнуваме формално преговорите со ЕУ

Поранешниот шеф на дипломатијата и поранешен вицепремиер за европски прашања, Никола Димитров во Топ тема на Телма изјави дека со овој предлог не ги ни започнуваме формално преговорите со ЕУ.  Кажа дека францускиот предлог нема да го реши македонско-бугарскиот спор.

„Албанија ќе ги започне преговорите. Ние нема да ги започнеме се додека не го смениме Уставот со две-третинско мнозинство“, вели тој.

Рече дека ако  сакаат да ставиме Бугари во Уставот, нека ја тргнат забелешката од македонски јазик или не може да се компромитира и билатерализира преговарачката рамка.  Според Димитров, молкот е опасен. 

Слично

Поврзани вести