Димитров со „набиена“ агенда оваа недела
Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска ќе учествува во Солун на состанок на министрите за надворешни работи на Македонија, Грција, Албанија и Бугарија. На оваа четврта нивна средба ќе се разговара за зајакнување на соработката во регионот.
Министерот за надворешни работи претходните денови го повика унгарскиот амбасадор да му врачи протестна нота и побара од Унгарија да го почитува принципот на владеење на парвото за добиениот азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски.
Вчера во Скопје одржа средба со министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, кој на заедничката прес-конференција рече дека неговата земја немала никаква правна основа да го задржи Груевски при преминувањето низ територијата на државата. За транзитот на Груевски црногорските слжби потоа во знак на добра волја ги информирале македонските.
