Димитров: Со Договорот со Грција, Македонија се зацврстува на светската мапа
Со Договорот со Грција, Македонија се зацврстува на светската мапа како држава, изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров во интервју за ТВ 24.
„Никој нема да нè дели и распарчува, напротив земјава станува полноправна членка на НАТО и почнува преговори со ЕУ“- рече Димитров.
Toj вели дека сме пред една крупна историска раскрсница.
Димитров најави дека владата ќе води информативна кампања за референдумот, но не знаеше колку пари ќе бидат потрошени.
Слично
