Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров: Штетно е една земја да се остава во чекалната зад затворени врати

Димитров: Штетно е една земја да се остава во чекалната зад затворени врати

При посетата на Берлин, на 6 септември, министерот за надворешни работи, Никола Димитров ќе побара Германија и Европската Унија да и помогнат на Македонија целосно да ја реализира евроатлантската интеграција.

Прашан дали на средбата со неговиот колега Зигмар Габриел ќе побара вклучување на Германија во решавањето на спорот за името со Грција, Димитров одговори дека е поважно е да се обезбеди почеток на пристапните преговори. 

„Лекцијата за Европа треба да биде дека е рискантно и штетно една земја да се остава во чекалната зад затворени врати, и за ЕУ и за НАТО. Примарната одговорност за тие заклучени врати ја имаме ние и соседите со кои имаме отворени прашања, во случајот Грција, но и европската политика има минус и одговорност за таквата ситуација“ - вели Димитров.

Тој е убеден дека ова е шанса и за Грција. 

Димитров смета дека ова е шанса и за ЕУ и за Германија да покажат дека не само што можат да помогнат да се стопира кризата и да не оди подлабоко, туку и да помогнат кога има добри работи и добар развој, да се донесе работата до конечен успех.  

Слично

Поврзани вести