Димитров: Ширењето лажни вести пред референдум е оркестрирано
Министерот за надворешни работи Никола Димитров вели дека Владата има помош од Стејт департментот на САД во борба против сајбер напади и ширење лажни вести.
„Можам само кратко да кажам дека имаме одлична соработка со Стејт департментот во многу области кои вклучуваат и јакнење на административните капацитети на нашата влада и министерства вклучувајќи го и ова прашање-рече Димитров одговарајќи на новинарски прашања.
Министерот така одговори на прашањето дали во средбите во Стејт департментот во текот на посетата на Вашингтон добил техничка или практична помош од македонската влада да се избори со сајбер нападите и да спречи поткупување на договорот со Грција и опструкција на претстојниот референдум за името.
Новинарот во воведот на тоа прашање рече дека руската стратегија за поткопување на демократските институции на Западот се состои од директни сајбер напади на државните и партиски органи и невладини организации или ширење на лажни вести и коментари на социјалните мрежи.
Димитров рече дека ланите вести во предреферендумскиот период се оркестрирани.
„Не знам дали доаѓаат од еден центар, меѓутоа, често имаат пораки кои таргетираат ранливи места. Таргетираат меѓуетнички односи и ја разгоруваат омразата. Мораме да се соочиме со таа реалност и да работиме секој ден на спречување на тој предизвик“, кажа министерот.
Македонија на 30 септември ја чека референдум за договорот со Грција и промената на името во Северна Македонија, кој , доколку биде успешен, би требало да биде потврден со уставни промени до крајот на годинава, што е основен услов за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.
