ДИМИТРОВ СЕ СРЕТНА СО КОЅИАС И БУТАРИС: Каква соработка е договорена?
Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров со грчкиот колега, Никос Коѕиас денеска во Солун разговарал за иднината на регионот.
Тие зборувале за чекорите кои треба да се преземат за создавање позитивна визија за таа иднина, зајакнување на соработката меѓу организациите на цивилните општества на двете земји, како и на академските институции.
Димитров, кој денеска се сретна и со градоначалникот на Солун Јанис Бутарис, истакна дека е разговарано и за прекуграничната соработка, за зголемување на соработката на ниво на министерства за внатрешни работи.
„Знаеме дека има една разлика која ги разделува нашите две општества и нации, но има многу области кои нè поврзуваат. Ми се допаѓа идејата за организирање регионална тура на винските потенцијали за странските посетители“– рече Димитров, по средбата со градоначалникот на Солун.
Во иднина се очекува соработка во повеќе области.
