Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров се сретна со амбасадорите на Хрватска и Словенија, му ветија поддршка

Димитров се сретна со амбасадорите на Хрватска и Словенија, му ветија поддршка

Новиот шеф на македонската дипломатија,  Никола Димитров вчера ја имаше првата средба со дипломати. 

Тој имаше разговорот со амбасадорите на Хрватска и Словенија, Данијела Баришиќ и  Милан Јазбец, соопштија од МНР.

Амбасадорите му го честитале стапувањето на функцијата на Димитров и му посакале успеси. Тие потврдиле дека Димитров ќе ја има нивната конструктивна поддршка во остварувањето на евроатлантските и европските цели како врвни надворешно-политичките приоритети на Република Македонија.

Амбасадорите изразија задоволство од нивото на билатералните односи кои се пријателски и без отворени прашања, a разменија и мислења за идните активностите кои ќе се преземат во насока на зајакнување на соработката на билатерален, мултилатерален и регионален план. 

На средбата во МНР, во својство на коорганизатори, амбасадорите Јазбец и Баришиќ му врачиле на министерот Димитров покана за учество на Министерскиот состанок што ќе се одржи на маргините на состанокот на лидерите од „Брдо-Бриони процесот“, во Брдо, Словенија.

Слично

Поврзани вести