Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров се пожали дека од Договорот за добрососедство не е ништо исполнето

Димитров се пожали дека од Договорот за добрососедство не е ништо исполнето

Бугарскиот историчар Ангел Димитов вели дека не е исполнето ништо од договорот кој Македонија и Бугарија го потпишаа. 

Според него, има огромен застој по сите точки. 

„Во Договорот за добрососедство не е ништо исполнето, така што претпоставувам дека Скопје ќе направи напори за да покаже дека има желба за да постигне некаков напредок во другите сфери како инфраструктурата и.т.н. По сите области во договорот, застојот е неверојатен“, изјави копретседателот на македонско-бугарската комисија за историја Ангел Димитров.

Во октомври ќе има нов состанок на мешовитата  комисија за историски прашања.  Последниот состанок на комисиите беше пред една седмица, но немаше напредок. Копретседателот на македонската комисија Драги Ѓоргиев тогаш изјави дека македонската страната, дала предлози засновани на современите разбирања за историското образование подржани од Советот на Европа и УНЕСКО во кој се уважуваат различните погледи и толкувања за минатото и кој се покажале како применливи во надминување на спорови кои произлегуваат од различното толкување на минатото, но бугарска страна не ги прифатила. 

Мнозинството Бугари не се согласуваат Бугарија да прави отстапки во спорот со Македонија, покажа телефонска анкета на агенцијата за истражување на јавното мислење „Галуп“, цитирана од бугарската телевизија „Нова“.

70 отсто од испитаниците се против Бугарија да го укине ветото за пристапување на Македонија во Европската унија, а 20 проценти имаат спротивно мислење. Останатите се двоумат. Анкетата е направена помеѓу 14 и 16 јуни меѓу 890 возрасни Бугари.

Слично

Поврзани вести