Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров: Се надеваме дека нашата политичка волја ќе ни донесе безусловна препорака

Димитров: Се надеваме дека нашата политичка волја ќе ни донесе безусловна препорака

Шефот на дипломатијата, Никола Димитров, денеска беше домаќин на традиционалниот Новогодишен и Божиќен прием за Дипломатскиот кор во Република Македонија, при што во говорот се осврна на клучните настани и надворешно политички активности во изминатата 2017-та година, како во земјата, така и во регионот и пошироко.

„Членството во Европската унија останува клучен приоритет на нашата надворешна политика. Искрено се надеваме дека нашата политичка волја и реформска ориентираност, заедно со поддршката на нашите пријатели и партнери, ќе ни донесе безусловна препорака за почеток на пристапните преговори, следната пролет. Ова е пред се’ во интерес на нашите граѓани, но исто така и во интерес на земјите од регионот и пошироко“ – рече Димитров.

Во тој контекст беше нагласена и детерминираноста на Република Македонија за евро-атлантска интеграција, но и за поголем придонес на мултилатерален план на кој Република Македонија прави значајни чекори преку неодамнешната ратификација на Парискиот климатски договор и онаа на Советот на Европа (Истанбулската конвенција за превенција и борба против насилството врз жената и семејното насилство), чие ратификување се очекува наскоро.

Министерот им ги честиташе новогодишните празници на присутните, потсетувајќи ги дека „во овие празнични денови, покрај подароците и убавите желби, на своите пријатели и најблиски надвор од земјава да им ја подарат и приказната за земјата која успеа од криза да создаде можност“.

Слично

Поврзани вести