Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров прво ќе ги посети земјите од регионот со кои односите се затегнати

Димитров прво ќе ги посети земјите од регионот со кои односите се затегнати

Министерот за надворешни работи,  Никола Димитров, синоќа по изборот на новата Влада изјави дека неговите први посети ќе бидат во земјите во регионот, објави Мета. 

Тој ќе се концентрира на земјите со кои односите се затегнати. 

Димитров истакна дека ќе ги поседи соседните земји за да го покаже новото лице на Македонија.

На прашањето за спорот со името, Димитров вели дека ќе работат конструктивно и на градење на добри односи со партнерите во меѓународната заедница, создавање ново пријатели, а не непријатели. Тој истакна дека откако ќе постигнат консензус со опозицијата за името, ќе излезат пред граѓаните со конкретен предлог.

Во однос на присуството на српскиот разузнавач Горан Живањевиќ во Собранието за време на насилствата и изјавите на српските власти, Димитров рече дека таквото однесување е неприфатливо и дека тој, како дипломат секогаш кога оди во Парламент на странска држава влегува на официјален влез, со најава.

Слично

Поврзани вести