Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров против предвремени парламентарни избори, за претседател на Македонија се уште се дума

Димитров против предвремени парламентарни избори, за претседател на Македонија се уште се дума

Противник е на предвремени парламентарни избори, а за кандидат за претседател на Македонија размислува секојдневно, откри министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за Гласот на Америка кое беше направено во Вашингтон еден ден пред да замине на потпишувањето на Протоколот за прием на земјата во НАТО а кое беше објавено вчера.

Димитров смета дека можните предвремени парламентарни избори во овој сензитивен период ќе ја забават Македонија поради тоа што ќе има техничко-пржинска влада, технички премиер, како и разлики во функционалноста на Собранието. Вели дека сега е најважно да се работи на исполнување на реформите за да се фати европскиот воз.

Во тек е огласот на СДСМ за пријави за кандидат за шеф на државата, а Димитров, кој не е припадник на најголемата владеачка партија, вели дека секојдневно размислува дали да се пријави и го „мачи“ предизвикот. 

- Имам дневни дебати сам со себе околу тоа прашање, но, во овој момент од една страна треба да мислиме каков профил ни треба, имајќи го предвид искуството од изминативе десет години, и од друга страна да видиме што ќе донесе овој важен процес - изјави шефот на македонската дипломатија во разговорот во Вашингтон.

Додаде дека се надева дека во иднина ќе има кохабитација помеѓу новоизбраниот претседател на Македонија и македонската Влада и преку соработка заедно да одлучат кој ќе биде амбасадор во Вашингтон и во повеќе други градови.

Слично

Поврзани вести