Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров: Преспанскиот договор не може да се имплементира целосно без преговори со ЕУ

Димитров: Преспанскиот договор не може да се имплементира целосно без преговори со ЕУ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска на собраниската Комисија за надворешни работи потврди дека Преспанскиот договор со Грција не може да се имплементира во целост се додека Македонија не ги отпочне преговорите со ЕУ, алудирајќи на одредбите за практикувањето на името во внатрешната употреба.

– Во Договорот во однос на внатрешните документи има условување со почетокот на преговорите. Договорот не може да се имплементира во целост ако не сме во ЕУ – рече Димитров.

Шефот на македонската дипломатија претходно ги оцени критиките од ВМРО-ДПМНЕ за недобивањето датум за преговори со ЕУ како дволични на расправата што почна денеска во комисијата.

-Да сум на нивно мести би ми било срам да ги изговорам буквите ЕУ – рече Димитров кога пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата на комисијата  со која претседава Артан Груби од ДУИ.

Од опозицијата најавија дека за ова прашање же се расправа и отре на Комисијата за надворешна политика со единствена точка на дневен ред: Извештај на министерот за надворешни работи Никола Димитров за спроведувањето на надворешната политика, а со истата ќе претседава Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.


Слично

Поврзани вести