Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров потврди дека нема да праќа домати, Владата ќе се посветела на домашните задачи

Димитров потврди дека нема да праќа домати, Владата ќе се посветела на домашните задачи

“Ќе не’ биде! Ќе има пот, солзи и многу разочарувања, ама ќе не’ биде. Колку повеќе пречки, толку поголема радоста на крајот. Го пропуштивме времето кога патот беше асфалтиран, сега ќе се качуваме по планински пат, тесен и стрмен, покрај дожд и силен ветар. АМА ЌЕ НЕ’ БИДЕ! “, пишува на својот Фејсбук профил, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, по одлуката на Европската Унија, Македонија да добие условен датум за старт на преговорите следното лето.

“И сите тие кои уште се намрштени, збунети, скептични, без надеж - и нив ќе ги мотивираме. Време е генерацијо да засукаме ракави и да си ја завршиме нашата мисија. Да расчистиме со предизвиците за нашиот идентитет, државност и сигурна иднина“, пишува Димитров.

На својот профил на Твитер, пак твитна дека за сега никој од ЕУ нема да добие македонски домати. Пред некој ден тој се пошегува дека на секој од ЕУ кој ќе ја подржи Македонија по брза пошта ќе му прати македонски домати.


Слично

Поврзани вести